October 6, 2022 11:37
Македонија

Нема лекарска грешка за смртта на 25 годишниот Јован од Берово

Нема лекарска грешка во третманот на 25 годишниот пациент од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица. Така заклучила стручната комисија формирана од министерот за здравство.

Беким Сали вели дека според извештајот кој му бил доставен од Комисијата, на младиот беровчанец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи.

– Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и не можноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција, изјави Беким Сали, министер за здравство.

 

Што предизвикало сепса кај пациентот треба да покажат анализите на Институтот за судска медицина по направената обдукција.

Овој извештај го чека и обвинителството, откако за случајот отворија предмет по допрен глас.

Поврзани вести

Владата објави црна листа на15 македонски државјани кои се бореле за ИСИС и ИД во Ирак и Сирија

Igor

Дизелот поскапува

Igor

Жан Митрев искеширал 1 милион евра како гаранција дека нема да бега

Igor