June 25, 2022 08:28
Македонија

Нема бесплатен превоз а во Шуто Оризари и воопшто нема превоз, Арсовска ги заборави граѓаните

Нема ден а на површина да не излезе неспособноста на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Три месеци Градот Скопје предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, им нема платено на приватните автобуски превозници и затоа од денеска тие повеќе не сообраќаат на редовните линии.

Со ваквиот прекин, сериозно е редуциран редовниот возен ред на јавниот превоз, но уште пострашно е што цели населени места од денеска се без јавен превоз.
Општина Шуто оризари од денеска е отсечена од јавниот превоз затоа што линиите „19″ и „20″ во најголем дел се опслужувани од приватните превозници.
Арсовска пред изборите ветуваше бесплатен автобуски превоз, 250 нови еколошки автобуси и се откажа од 70 милиони евра за проектот „Бас рапид транзит”.
Сега се гледа дека таа не успева да менаџира ниту со постојниот јавен превоз, толку од нејзините менаџерски способности со кои ги лажеше граѓаните
Јавното сообраќајно претпријатие е без директор, откако последниот директор поставен од Данела си замина од функцијата.
Шест месеци мандат на Данела се шест месеци на неспособност, на прекинати претходно започнати проекти, на оставки на директори, на груба партизација на градската администрација.
Шест месеци беа доволни Арсовска да се докаже како најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје, и најголемо разочарување за скопјани.

Go88 Club | Go88.Live - Thiên Đường Cờ Bạc Online go88 ios go88 apk ios

sunwin s.r.o đăng ký sunwin chơi game sunwin trực tuyến