June 16, 2021 15:57
Македонија Скопје

Нелоски: Ќе поднесеме кривична за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов

Интегрален текст од изјава на Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

-Врз основа на искажаните сомнежи во текот на минатата недела за криминалниот тендер на Град Скопје и Петре Шилегов, денеска ќе поднесеме кривичен поднесок за злоупотреба на службена должност и овластување, несовесно работење во служба и корупција и судир на интереси. Се со цел да го охрабриме Јавното обвинителство да се позанимава малку со овој очигледен крими шема скандал што го обзнанивме.

Имено, зетот на секретарот на Петре Шилегов, односно вториот човек во Градот Скопје успеал да земе фрапантни 500.000 евра како дел од тендерот за т.н. противпожарна скала.

Се надеваме дека конечно Јавното обвинителство ќе се охрабри и ќе ги обзнани и ќе ги побара сите факти поврзани со овој случај, а се разбира и дека граѓаните на Скопје ќе ја добијат правдата за нивните потрошени пари.

AnimeHeaven anime in heaven: Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 4

KissAnime watch anime dub: Watch Dr. Stone Episode 22