August 22, 2019 09:34
Магазин

Неколку начини за да согорите поголем број калории

Се прашувате како полесно да согорите повеќе калории, во продолжение следуваат мали совети кои ќе ви помогнат околу ова прашање…

Развијте поголема мускулна маса. За разлика од масните наслаги, мускулите остануваат активни и кога телото мирува. Дури и најмалите контракции на мускулите водат до согорување на калории. Вежбајте редовно и одржувајте ја кондицијата на високо ниво.

Обезбедете си добар сон. Денес многу истражувања ја докажале врската меѓу сонот и килограмите. Стремете се да си осигурите квалитетен мирен сон, затоа што недостигот на сон води до зголемување на телесната тежина.

Бидете активни. Секоја активност на телото води до согорување на калории. Така на пример пеглањето на алишта (1 час) согорува 130 калории, шопингот (3 часа) – 641 калории, страсното водење љубов (30 минути) – 250 калории и т.н. Бидете постојано активни, користете скалила наместо лифт, до блиските локации пешачете, а до подалечните користете го велосипедот.

Спортувајте. На сите ни е јасно колку е важно спортувањето, не само за добар надворешен изглед, но и за одржување на добро здравје. Различните спортови ни помагаат да согориме различен број калории. Одберете си спорт за кој што имате услови и не го избегнувајте.

Изложувајте се на различна температура. Секоја малку поекстремна температура му помага на телото да согорува повеќе калории. Затоа, температурата во спалната одржувајте ја пониска.

Овие совети ќе ви помогнат да согорите повеќе калории. Колку точно калории ќе согорите зависи од возраста, тежината, полот и други фактори.

Нови вести

Сопругата на Квентин Тарантино е бремена

zane

Актерот Бардем ја пофали Грета Тунберг истакнувајќи дека таа е промената

zane

Џастин Бибер снимен со акни на лицето

zane