February 25, 2021 18:01
Свет

Неколку болници во Полска ја прекинаа вакцинацијата – не ги добиле очекуваните дози

Неколку болници во Полска престанаа да вакцинираат против коронавирусот откако не ги добиле очекуваните испораки на дози од вакцината развиена од „Фајзер”/„БиоНТек”.

Здравствените власти денеска соопштија дека во текот на викендот во земјата пристигнало количество од вакцината што е најмалку половина помало од очекуваното.

Од овие причини Владата под итно ќе мора да го менува планот за вакцинација, што во Полска почна кон крајот на декември, заедно со другите земји членки на ЕУ.

Полска досега прими околу 1,5 милиона дози вакцини, од кои половината владата ги резервираше за лицата кои веќе примиле една доза.

Неделава треба да почне давањето на втората или ревакцинацијата на граѓаните.

Болниците во регионот Шчечин и во Краков привремено престанаа да ги даваат првите вакцини, наведувајќи дека не ги добиле потребните дози.

Interspecies Reviewers (https://crunchyrollfree.com/m/jbZg) Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com free crunchyroll premium reddit

The King's Avatar 2 Episode 12 at website https://funimationfree.com. See more funimation anime of the decade