August 14, 2022 21:15
Свет

Некои од членките на ЕУ бараат Украина да го положи оружјето!

Премиерот на Полска – Матеуш Моравјецки изјави дека Русија не го искористила целиот свој потенцијал во специјалната операција во Украина и додава дека некои од земјите членки на Европската унија не се против тоа украинските војници да го положат оружјето.

„Русија денес е `ранета мечка`. Некои многу рано проценија дека е победена во судирите во Украина. Тоа е моќна држава со голем потенцијал, а ангажиран е само еден негов дел“ рече Моравјецки на дипломатско советување во Варшава.

За ставот на дел од ЕУ членките Моравјецки вели:

„Постојат пукнатини во европската солидарност. Има земји кои би ја поддржале Украина за да го положи оружјето, наместо да се обидат да го зајакнат нејзиниот одбранбен потенцијал“.