June 27, 2022 23:38
Македонија

Нека го завршат СДСМ автопатот Кичево – Охрид, па нека кажат и дека е нивен проект, ако тоа им ја намалува фрустрацијата

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Нека го завршат СДСМ автопатот Кичево – Охрид, па нека кажат и дека е нивен проект, ако тоа им ја намалува фрустрацијата, но народот тешко дека ќе им верува.

Се гледа голема фрустрација во соопштенијата на СДСМ, која е пропратена со страв дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат со темпо кое владата никако не може да го следи, иако имаат 1.000 пати поголем буџет.

ВМРО-ДПМНЕ го разбира немирот во СДСМ, па еве доколку тоа им значи да кажат дека нешто е нивен проект, нека го завршат автопатот Кичево – Охрид, може и Клиничката болница во Штип, Клиничкиот центар во Скопје, гасификацијата, нека завршат се што е почнато од ВМРО-ДПМНЕ уште пред пет години, и нека речат дека е нивен проект, само нека не крадат.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не ги дели ниту граѓаните, ниту проектите. Партиите кои се на власт менаџираат народни пари и треба да испорачаат резултат. Тоа што СДСМ нема направено ништо и се е во застој не е вина на ВМРО-ДПМНЕ, а нема ниту како да им помогнеме, зошто ќе трева да не се работи ништо, за да не им се буди немир.

Но еве нека стегнат заби, наскоро ќе има предвремени парламентарни избори кои ќе ги изгубат, па тогаш нема да имаат фрустрација и потреба да пишуваат соопштенија за тоа кој чиј проект е, туку ќе треба пред институциите да одговорат колку народни пари имаат украдено, и за тоа да одговараат.

go88 iwin auto247 go88 go88 ol

https://sunwin.fan/