February 26, 2021 19:51
Свет

Неидентификувани авиони нападнале позиции на проиранската милиција во Ирак

Неидентификувани авиони напaднале позиции на проиранската милиција во Ирак, во областа Јурф Сахар, северно од ирачката провинција Вавилон, што е под контрола на милициите „Катаиб Хезболах“, поддржани од Иран, убивајќи шест припадници на милицијата, пренесуваат ирачките медиуми.

Нема информации за жртви меѓу силите на ирачката армија присутни во областа.

Подоцна во вторникот, Безбедносната медиумска ќелија на ирачката влада соопшти дека експлозиите пријавени северно од Вавилон рано во вторникот утрото биле напади на Даеш врз неколку електрични столбови во областа, а не воздушни напади.

„Голем број електрични столбови во регионот Бахбахани, во северната провинција Вавилон, беа нападнати и саботирани од банди на ИСИС. Некои ги толкуваа овие напади како воздушни напади”, соопшти ќелијата на Твитер.

Централната воена команда на САД ја негираше вмешаноста на САД во нападот.

Нападите се случија неколку дена откако израелски воени авиони нападнаа десетици места во регионот Деир ал-Зор во источна Сирија и во Ал Букамал во близина на границата меѓу Сирија и Ирак.

Тогаш локалните медиуми соопштија дека нападите биле насочени кон десетици магацини и пунктови што им припаѓале на проиранските милиции и на ИРГЦ низ целата област.

Watch Yosuga no Sora Episode 5 (https://animeheaven.pro/m/jYm/ep-5) at AnimeHeaven toradora anime heaven

Watch Attack on Titan: Lost Girls Episode 3 (https://gogoanime.be/m/1AJp/ep-3) at GoGoAnime knights and magic gogoanime