June 28, 2022 13:44
Македонија

Незаконски поставениот генерален секретар на Град Скопја да поднесе оставка, Арсовска не ги почитува законите

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ незаконски го поставија за Секретар на Градот Скопје, Ѓоко Велковски кој што истовремено е и член на Советот на Општина Чаир, избран од граѓаните на последните локални избори.

Тоа значи дека Велковски зема и две плати, една од 50.000 денари како секретар и уште една од околу 18.000 денари како Советник.
Ова не е само неетички, туку е и спротивно на Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Затоа ја повикуваме Државната комисија за спречување на корупција да постапи за ова очигледно непочитување на законите, прописите и правилата за неспоивост на функции, а Секретарот на Град Скопје, Ѓоко Велковски треба да си даде оставка од позицијата секретар на Град Скопје.
Сега на листата неуспеси и промашувања на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ по шест месеци мандат, се додава и непочитување на законските прописи и норми.

nhà cái go88 ở đâu cách tải go88 cho iphone Go88 – Trang trò chơi Tài Lộc ăn tiền ảo lãnh tiền thật

https://sunwin.gg/