September 20, 2021 22:17
Спорт

Недвед открива дека Роналдо останува кај „старата дама“ до крајот на договорот

Павел Недвед, потпретседателот на повеќекратниот италјански фудбалски првак Јувентус, порача дека еден од најдобрите играчи на денешницата Португалецот Кристијано Роналдо ќе остане  во редовите на „старата дама“ до крајот на договорот кој му завршува на истекот од идната сезона. За Недвед нема дилеми кој ќе биде следниот потег на Португалецот.

-Кристијано Роналдо се враќа од одмор, повикан е да дојде на 26 јули. И тој ќе остане со нас – вели Недвед за „РАИ“.

Чешката фудбалска легеда зборуваше и за другите планови во преодниот рок.

– Што ќе се случи со новиот договор за Дибала? Не би рекол дека односите не се во тек, сè се одвива според планот. Нашиот директор Черубини наскоро ќе се врати во Торино, ќе има средба со менаџерот на Дибала – додава Недвед.

Џорџо Кјелини, кој успеа да биде европски шампион со Италија, моментно е без клуб од 1 јули, но наскоро се очекува да води преговори околу можно продолжување на соработката.

– Тој е на одмор. Разговаравме, рековме дека е важно да му дадеме време да се опорави и тогаш ќе разговараме смирено за сè – вели Недвед.

Јувентус ја победи Чезена со 3:1 во пријателски натпревар, тоа беше втора победа за тренерот Масимилијано Алегри по неговото враќање на клупата кај тимот од Торино.

– Алегри имаше голема желба да работи повторно со сите свои соработници. Тој имаше пауза од две години, сакаше да се врати и се надеваме дека ќе победува како порано. Дали ќе има потешкотии поради Роналдо и Дибала? Задоволство е да има такви двајца играчи. Макс, кој има големо искуство, веќе знае како ќе играме. Тие сè уште не се заедно, па тој го користи тоа време да промовира некои помлади играчи – се зборовите на Недвед.

Website https://kissanime.mx: Watch Yukikaze kissanime Episode 5 kissanime boku no hero

"Parade" de Satie Episode Full

WCOStream: Blassreiter anime episode 24 online free at https://wcostream.cc anime sites

4Anime: Mini Toji: Yume anime episode Full online free at https://4anime.biz 4anime a silent voice

Experiment: https://experiment.com/users/kkissanime

Free-ebooks: https://www.free-ebooks.net/profile/1312949/animefreak