August 13, 2022 20:27
Балкан

Невработеноста ги брка младите од регионов

Невработеноста, иселувањето и ограничените можности, се главните проблеми со кои секојдневно се соочуваат младите во Албанија и земјите во регионот, е главниот заклучок на регионалниот министерски состанок за млади и образование, што се одржа во Тирана, со учество на ресорни министри и претставници од Западен Балкан и Италија. Состанокот се одржа во организација на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и ресорните албански министерства.

Регионалната средба беше одржана на националниот ден на младите на Албанија, 8 декември. 
Еден од главните предизвици со кои се соочуваат младите денес е невработеноста, која како голема последица ја носи емиграцијата. Ни недостига интегритет во институциите на земјата и немаме соодветна демократија. Ова се главните последици и главните проблеми со кои се соочуваат млади луѓе, посочија учесниците.
Секретарот на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) Алберт Хани, смета дека емиграцијата на младите е регионален проблем.
– Околу 52 отсто од младите сакаат да се иселат од регионот на Западен Балкан. Ова е алармантна бројка, но и нов предизвик за актерите кои се нафатија да го трансформираат патот на младите, рече Хани, пренесува Ора њуз.