June 28, 2022 23:29
Свет

Невидени снимки од НЛО прикажани во Конгресот, војската признава: Не знаеме за што се работи

Првата јавна расправа во американскиот Конгрес за неидентификувани летечки објекти во САД во последните 50 години заврши со малку одговори за необјаснети појави, пишува Би-би-си.

Двајца воени офицери задолжени да истражуваат НЛО рекоа дека повеќето може да се идентификуваат. Но, тие исто така рекоа дека некои „средби“ е невозможно да се објаснат.

Забелешките за НЛО, снимени од американската војска вклучуваат дури 11 случаи кога речиси имало судири со авиони.

Некои „необјаснети феномени на небото“, како што војската официјално ги нарекува НЛО, наводно се движеле без забележлив начин за движење.

Во еден таков случај во 2004 година, пилот и копилот на воен авион, стационирани на носач на авиони во Пацификот, наишле на објект кој паѓал илјадници метри пред да застане и да почне да лебди.

Во вториот случај, кој за прв пат беше прикажан во јавноста во вторникот, може да се забележи објект кој поминува покрај воен авион. Не беше објаснето за каков објект станува збор.

– Има мал број настани во кои има карактеристики на летот што не можеме да ги објасниме со податоците што сега ни се достапни, рече Скот Бреј, заменик-директор на поморското разузнавање.

– Тоа се оние кои очигледно најмногу не интересираат, додаде тој.

https://go88.gg/

Tải Tài Xỉu Sunwin APK IOS Mới Nhất Sunwin - Top 1 game bài đổi thưởng uy tín - Link vào SUN WIN sunwin app