August 23, 2019 18:00
Свет

Неверојатен приход од домашните туристи во текот на кинеската нова година

Во Кина за време на годинашната прослава на лунарната Нова Година биле реализирани 415 милиони патувања на домашни туристи, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година, објави кинеската агенција „Ксинхуа“.

Агенцијата „Ројтерс“, пренесувајќи ги овие информации, потсетува дека еднонеделниот празничен одмор во Кина полека завршува.

Според информациите добиени од кинеското Министерство за култура и туризам, за време на најголемиот празник во земјата, остварени се приходи од 76,2 милијарди долари, што на годишно ниво е зголемување од 8,2 отсто.

Во исто време, преминувањата на кинеските граници во двете насоки се зголемени за 11% споредено со истиот период во 2018 година, на 12,53 милиони, а кинеските граѓани од лични причини ја преминале границата 7,22 милиони пати, што е за 16% повеќе од минатата година.

Нови вести

Сара Сандерс ангажирана во „Фокс Њус”

Filip

Експлозија на Западниот брег, убиена израелска девојка

Filip

Во Шпанија втор смртен случај од листерија

Filip