April 20, 2021 17:31
Свет

Невакцинираните нема да можат да патуваат во ЕУ

Европската Унија ќе воведе дигитални сертификати за вакцинација. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, истакна дека на земјите-членки е да одлучат што ќе може да се прави со сертификатите и дека тие ќе се користат на ниво на ЕУ за функционирање на единствениот пазар.

Фон дер Лајан изјави дека ќе бидат потребни најмалку три месеци да се воспостави системoт на сертификати за вакцинација во ЕУ.

„Системот ќе поддржува информации за вакцинацијата на една личност, негативен ПЦР тест или имунитет. Потребна ни е брза имплементација доколку сакаме овие сертификати да бидат функционални пред летото“, заклучи фон дер Лајен.

ЕУ потенцира дека сè уште има многу отворени политички и научни прашања кога станува збор за сертификатите за вакцинација, односно за што ќе се користат или дали вакцинацијата значи прекин на пренесувањето на инфекцијата.

„Имаме охрабрувачки податоци од Израел, каде вакцините „Фајзер“ покажаа дека го запираат пренесувањето на заразата по давање на втората доза“, рече Фон дер Лајен.

AnimeHeaven bleach anime heaven: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full (https://animeheaven.pro/m/lYo6/ep-1)

AniWatch dubbed anime: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1 (https://aniwatch.pro/m/AabY/ep-1)