November 27, 2021 03:28
Македонија

Неважечки 60.773 гласачки ливчиња во првиот изборен круг

Во првиот круг од гласањето за градоначалници на 80 општини на седмите локални избори што се одржаа во неделата на 17 октомври има вкупно 44.833 неважечки ливчиња. На гласањето за градоначалник на Град Скопје, пак, има 15.940 неважечки ливчиња од вкупно 228.473 кои го искористиле своето право на глас.

Според податоците објавени од Државната изборна комисија (ДИК), најмногу неважечки ливчиња кај општините има во Битола – 2.659, по што следат Куманово со 2.076 и Гази Баба со 2.020. Најмалку неважечки ливчиња само 48 има во Општина Пласница по што следат Ранковце со 57 и Центар Жупа со 62 неважечки ливчиња.

На првиот круг  од локалните избори вкупно гласале 848.104 гласачи или 48,99 отсто од вкупно запишаните 1.824.864 гласачи во Единствениот избирачки список.

На првиот круг од локалните избори во 2017 година имаше 44.481 неважечко ливче, а на изборите во 2013 година 38.787 неважечки ливчиња.

На парламентарните избори што се одржаа во 2020 година, пак,имаше 31.564 неважечки ливчиња

ANIMEFLIX Watch english anime Online in HD for FREE

AnimeTV: Freezing Vibration (Dub) anime episode 12 online free at https://animetv.cc anime tv shows

WCOStream: Over Drive anime episode 26 online free at https://wcostream.cc wcostream one piece

Pokémon the Series: XYZ Specials (https://animekisa.in/m/r0Ay) Episode 1

AniWatch: Legend of the Crystals: Final Fantasy anime episode 4 online free at https://aniwatch.pro watch animes