December 8, 2021 18:58
Спорт

НБА: Симонс исфрлен од тренингот на Филаделфија

Кошаркарот на Филаделфија, Бен Симонс, е суспедиран денеска на еден натпревар „поради однесување штетно за тимот” што значи дека ќе го пропушти натпреварот против Њу Орлеанс на стартот од новата сезона во НБА лигата.

Клубот ова го соопшти откако американските медиуми објавија дека тренерот на Филаделфија, Дик Риверс, го исфрлил Симонс од тренингот.

Риверс самиот го потврди случајот по завршувањето на тренингот.

– Само ни пречеше денеска. Не сакаше да го работи тоа што другите го работеа на тренингот. Му реков дека треба да си оди по што екипата продолжи со тренингот, образложи Риверс.