December 8, 2022 04:52
Економија

Куната заминува во историјата, еврото станува официјална валута во Хрватска

Хрватскиот парламент денеска со мнозинство гласови го изгласа Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска.

Според хрватските медиуми, за гласале 117 пратеници, 13 биле против и 1 воздржан.

Еврото ќе стане официјална валута во Хрватска на 1 јануари 2023 година, а куната ќе замине во историјата.