December 9, 2022 14:47
Македонија Хроника

На Ѓурчиновски му се запалил автомобилот кога се враќал од Косово

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој учествуваше на 25-тата конференција на началници на Генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, при  враќањето во текот на вчерашниот ден низ Косово имаше помала сообраќајна незгода со појава на оган на автомобилот со кој се превезувал.

Имено, во тек на движењето по автопатот помеѓу Коморане и Приштина во доцните попладневни часови, на автомобилот ненадејно избива оган кај моторниот дел при што благодарејќи на брзата интервенција на возачот и обезбедувањето истиот е изгаснат за многу кратко време.

Генералот Ѓурчиновски заедно со членовите на делегацијата и обезбедувањето го продолжиле патувањето со останатите возила и се вратени дома. Возилото кое веднаш по првиот знак на палење безбедно е тргнато од сообраќај, а по гасењето истото е транспортирано во Република Северна Македонија.

 

Поврзани вести

Дизелот поевтинува за 5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари

Igor

Во Здравствен дом Вевчани вработувани надрилекари- со лажни или без лиценци од Лекрската комора

Igor

До вчера со автобусите, денес со дојави за бомби се парализира Скопје (фото)

admin