September 15, 2019 08:15
Магазин

На „Хуавеј” ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони

На кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј ќе му треба повеќе време да стане најголем производител на паметни телефони во светот што е цел што првично требаше да се постигне во четвртиот квартал оваа година, изјави еден од челниците на компанијата.

– Ќе бевме најголеми во четвртиот квартал оваа година, но сега сметаме дека тој процес може да потрае подолго, изјави Шао Јанг, главен стратешки директор на Хуавеј Конзјумер Бизнис.

– Хуавеј моментно продава од 500 до 600 илјади паметни теелфони, додаде тој на саемот за технологија во Шангај.

Компанијата во јануари соопшти дека може да стане најголем производител на паметни телефони оваа година дури и без американскиот пазар.

Според истражувачката компанија „Гартнер”, Хуавеј е втор најголем продавач во првото тримесечие зад јужнокорејскиот Самсунг електроникс. Аналитичари проценуваат дека неодамнешните американски санкции може да ја намалат испораката на паметни телефони на Хуавеј дури за една четвртина оваа година и со тоа да се предизвика негово исчезнување од странски пазари.

Нови вести

Научно докажано: Луѓето стануваат се поглупи

Igor

Од британска палата украдена златна ВЦ школка вредна 5 милиони долари

zane

Седми роденден на „Лице в лице” и промоција на 37. издание на списанието за одржлив развој

zane