February 25, 2020 10:20
Хроника

На Табановце пронајдени мигранти во товарен воз од Грција за Унгарија

Српски контролор на вагони, по полноќ на 17 јануари во полициската станица на граничниот премин Табановце пријавил оштетувања кои ги забележал во товарен воз што сообраќал на релација Грција – Унгарија, по што службениците извршиле увид во возот.

Како што информираат од МВР, контолорот забележал оштетувања на пломби на три вагони, а по пријавата царинските службеници во возот пронашале двајца мигранти од Авганистан на возраст од 20 и 18 години.

Мигрантите се предедени на полициски службеници од транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.