February 29, 2020 02:16
Хроника

На „Табановце“ откриен мерцедес со фалсификувани документи

На 08.10.2019 во 07.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „мерцедес 180 Ц“, со српски национални ознаки, управувано од М.Ѓ.(60) од Република Србија, полициски службеници констатирале дека серискиот број на возилото и типската налепница биле фалсификувани. М.Ѓ. и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.