April 8, 2020 10:53
Свет

На судска приправничка во Германија и е забрането да носи марама во судот

Германскиот Уставен суд во Карлсруе ја потврди забраната за една судска приправничка да носи марама во сојузната покраина Хесен, а одлуката е образложена со верската неутралност во судницата.

-Поради световната и верска неутралност на државата, власта може да го забрани носењето марами иако тоа навлегува во верските права на поединецот,  се наведува во соопштението на Вториот сенат на Уставниот суд на Германија во Карлсруе.

Со тоа е одбиена жалбата на една приправничка од мароканско потекло на која во текот на приправничкиот стаж и било дозволено носење марама, но не и во судницата каде приправничката, како што е објаснето во одлуката на Уставниот суд, „ја претставува државата”.

Приправничката затоа во текот на процесите, на кои присуствувала во рамките на својот приправнички стаж, морала да седи во просториите за постители, а не зад судската маса како и останатите колеги.

Слични правила, како во Хесен, на сила се и во правосудните установи на останатите германски сојузни покраини.

Во повеќето сојузни покриани, исто така, е забрането учителките да носат марами во јавните училишта.