March 30, 2020 03:09
Балкан

На Србија и се неопходни 29 денови за стабилизирање на ситуацијата со Ковид-19, според кинески експерти

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека ако сите се придржуваат кон мерките, кинески експерти проценуваат дека на Србија и требаат 29 дена за да се стабилизира ситуацијата со коронавирусот.

Група кинески експерти од саботата се во Србија за помош во борбата против коронавирусот.
Лончар за РТС изјави дека кинеските експерти биле задоволни од мерките преземени од страна на Србија.

– Тие се запознаа со нашата состојба и ќе излезат за неколку денови со првиот сет нови мерки кои се покажаа како добри кај нив, истакна Лончар.

Според министерот, кинеските експерти сметаат дека потребни се 29 дена, доколку се придржуваат до сегашните мерки во Србија, да има ситуација во која нема да се зголемува бројот на нови случаи на заразени со новиот коронавирус.