September 22, 2019 16:54
Магазин

На сопругата на Озборн, естетските операции ѝ се како сервисирање на автомобил

„Сè е само подигнато, па затоа сега изгледам посвежо“, изјави Шерон Озборн (66) за нејзиниот четврти лифтинг на лицето. Поминаа пет недели откако таа беше подложена на операција, и вели дека ги затегнала вратот и вилицата, пренесува „Дејли мејл“.

Шерон е жив доказ за цитатот „Убавината е болка“ и, како што вели, не смее да се жали на болка, имајќи предвид дека сакала да го стори тоа. Зборувајќи за својот четврти лифтинг на лицето, таа вели дека нејзините есетски операции биле како сервисирање на автомобил.

Таа сепак се одлучи за операција, и покрај тоа што во своите мемоари „Нескршлива“ во 2013 година вети дека завршила со тоа.

Нови вести

Иранките можат да гледаат машки фудбал

Igor

Во Минхен отворен 186. Октоберфест

Igor

Фејсбук укина илјадници апликации

Igor