October 26, 2021 00:34
Балкан

На Словенците ќе им бидат неопходни ковид потврди и за работа од дома

Во Словенија ковид потврда ќе мора да имаат и вработените кои работат од дома, јавија словенечките медиуми, повикувајќи се на Министерството за труд. Словенија воведе ковид сертификат за работа, за одење во трговски центри, здравствени установи, јавен превоз, освен за студентите, како и за различните услужни дејности и јавни институции.

Министерството за труд сега појасни дека дури и оние кои работат од дома не се ослободени од обврската да поднесат потврда за вакцинација, прележан Ковид – 19  или негативен тест, јави телевизијата Н1, пренесе Индекс.

Ако вработените што работат од дома немаат ковид потврда, тие ќе мора да се самотестираат со брз антигенски тест најмалку еднаш неделно, по што мора сертификатот да го испратат до работодавачот, а во него да бидат наведени датумот на тестирање, резултатот од тестот и потпис.  Трошоците за тестирање се на товар на работодавачот.

Доколку работникот не го стори тоа, ќе се смета дека ги прекршил обврските што произлегуваат од работниот однос, а работодавачот може да го казни согласно Законот за работни односи, објаснуваат од министерството.

Во отворено писмо до владата, словенечките угостители побараа укинување на задолжителните ковид потврди, предупредувајќи дека нивниот промет опаѓа и дека, според новите правила, гостите мора да имаат сертификати и на терасите.

Синдикатот на вработени во угостителската индустрија наведува дека владата со својата одлука ги задолжила угостителите за контрола на ковид пропусниците, што тие не можат да  го исполнат затоа што долго време се соочуваат со недостаток на кадар.

Синдикатот на угостители изјави дека го поддржува барањето на полицискиот синдикат да ја провери уставноста на новите правила од страна на Уставниот суд.

Синдикатот на словенечки полицајци објави дека поднеле иницијатива до Уставниот суд бидејќи, според владиниот протокол, вакцинациите или прележаниот Ковид-19 се услов за одржување на вработувањето.

Продолжувањето на таквата „недозволива пракса” може да доведе до напад врз други човекови права и основни слободи, чии жртви би можеле да бидат сите граѓани, смета полицискиот синдикат.

Website https://4anime.biz: Watch Tonpei and Sarukichi 4anime Episode Full toilet bound hanako kun 4anime

Website https://animetv.cc: Watch Golgo 13 animetv Episode 50 top anime tv

Astro Boy - Greatest Astro Adventures (Dub) (https://animekisa.in/m/JAJe) Episode 7

AnimeHeaven: My Hero Academia 2 (Dub) anime episode 25 online free at https://animeheaven.pro watch anime dub

Yemle: https://yemle.com/profile/kissanimemx

Bombstat: https://www.bombstat.com/domain/gogoanime.be