December 4, 2022 19:52
Скопје

На скопјани им преседна „бесплатниот“ превоз на Данела Арсовска

Трет ден скопјани се соочуваат со метеж во јавниот автобуски превоз особено во утринскиот и попладневниот „шпиц“ откако превозниците на „Слобода превоз“ стапија во штрајк поради неисплатени обврски кон нив.

Но проблемот со јавниот превоз тлее со месеци. Прво ЈСП стапи во штрајк и за првпат во 70ина години главниот град остана без јавен превоз, а откако вториот помал приватен превозник „Макекспрес“ се побуни за неисплатените обврски од страна на градот, Арсовска експресно го раскина договорот со нив.

Отсуството на „Макекспрес“ и штрајкот на „Слобода превоз“ ги десеткуваше автобусите на линиите, кои ЈСП се труди да ги покрие со свои автобуси но епилогот од сетот тоа е преполни автобуси, нервозни патници и незадоволни возачи.

И за сето време Арсовска се обидува да се изземе од одговорност, дури и со доза на препотентност ги праќа незадоволните возачи да оделе пред седиштата на двете најголеми партии.

Првата дама на Скопје која во капмањата се возеше во автобус цели три станици и која ветуваше бесплатен јавен превоз и 250 автобуси, денес не може да менаџира ниту со потоечкиот превоз и со своите постапки дава до знаење дека ненам намера да го решава овој проблем.

Треба да се потсети и дека ЈСП има пари да исплати плати до крајот на годината, но прашање е како ќе функционира ова претпријатие од јануари. Заглавено во долгови и без план за надминување, ЈСП е темпирана бомба која прашање на време е кога повторно ќе се активира.

Во меѓувреме, на десетици илјадници граѓани им преседна „бесплатниот“ превоз на Арсовска и се оставени на милост и немилост сами да се снаоѓаат како да стигнат до работните места, до факултет, до пазар или болница.

Поврзани вести

Утре целосна блокада на три клучни крстосници во градот

blink

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor