October 14, 2019 01:43
Свет

На повидок компримис меѓу Велика Британија и Ирска околу Брегзит

По средбата со британскиот премиер Борис Џонсон ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека постои можност двете страни да постогнат спогодба до крајот на октомври, пренесе Гардијан.

Варадкар и Џонсон се  сретнаа да видат дали можат да постигнат напредок во британските преговори со Европската Унија за британското напуштање на Унијата, пренесуваат агенциите.

Џонсон се сретна со ирскиот колега во последен обид за заживување на британскиот предлог за Брегзит, за кој ЕУ кажа дека е далеку помалку од тоа што е потребно за договорено заминување  на Велика Британија, особено за прашањето на ирската граница, пренесоа денеска британските медиуми.

„Овде сме, во Чешир, во Велика Британија, да разговараме за Брегзит. Се радувам на деталниот разговор за да видиме дали можеме да постигнеме напредок”, напиша Варадкар на Твитер, на кој и постави фотографија од средбата.

Нови вести

Сириската војска доаѓа на помош на Курдите

Igor

(Видео) Девет лица загинаа во експлозија во кинески ресторан

Filip

Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Filip