January 20, 2020 12:42
Македонија

На патот Ресен-Охрид после Буково се изведуваат работи на пат

На патниот правец Ресен-Охрид на три километри после планинскиот превој Буково се изведуваат работи на пат. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од „Македонија пат” информираат дека активностите на патот како што се кастрење и поставување на заштитна мрежа ќе траат околу 20 дена.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Нови вести

Заев: Со укинувањето на договорот од Преспа ВМРО-ДПМНЕ ќе ја уништи иднината на земјата

Igor

Шкријељ: Прекрасната Атиџе од „Медена земја“ е наша гордост и национална хероина

Igor

Дел од пратениците ќе донираат за децата од „Медена земја“ и за куќата на Атиџе

Igor