January 29, 2023 14:12
Скопје

На парцелите „Маркеза“, „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“ на Водно не смее да се гради

Откако Уставниoт суд на денешната седница одлучи да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година, треба да сопре изградбата на парцелите познати во јавноста како „Маркеза“, „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“ пишува независен.мк.

Инаку, како што пишуваа медиумите во неколку наврати, сопственик на фирмата „Маркеза“ е извесен Филип Костиќ. Оваа фирма, според Истражувачката репортерска лабораторија, има деловни односи со фирмата „Биси“, инаку во сопственост на поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Георгиевски – Фреди, која пак во разговор за ИРЛ демантирал секаква поврзаност со градбата на Водно.

Од „Маркеза“ досега единствено преку соопштение укажаа дека имаат важечка дозвола за градба и ја потсетуваа Општината дека е должна да им направи пристапен пат.

Над и околу парцелата на „Маркеза“ е распослан имот и на Богдан Георгиевски, како и на фирмите „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“. „Ексико“ е фирма чие тајно сопствеништво завршува во Швајцарија. „Кара“ е фирма во сопственост на семејството Камчеви, а „Манд“ е на поранешниот кошаркар и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Пеце Наумовски.

Урбанизацијата на овој потег ја е направена од ВМРО-ДПМНЕ преку Советот на Општина Центар, со кворум обезбеден со претседавачот, Мирослав Шиповиќ, тогаш член на СДСМ, кој едно време беше притворен, па пуштен на слобода. Во ова време градоначалник на Центар беше Андреј Жерновски. Општинската надлежност да се донесе детален урбанистички план е дел од поширок, генерален урбанистички план на Скопје, кој одекна во некогашните опозициски „бомби“.

Времената мерка, како што појаснуваат од Уставниот суд, ќе важи сè до донесување на конечна одлука на Судот, бидејќи Уставниот суд одлучи да поведе постапка за одлуката со која е донесен ДУП-от односно изрази сомнеж во уставноста и законитоста на постапката, односно донесувањето на одлука со 11 гласа „за“.

– Одлука за донесување Детален урбанистички план Градска четврт J 07 локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара број 07-4414/4 од 18.07.2014 година, донесена од Советот на Општина Центар-Скопје, објавена во „Службен гласник на Општина Центар-Скопје број 9/2014, во делот за КП 490/2, КП490, КП493, КП 496/3, КП 498, КП 502, сите на КО Центар 2, кои се наоѓаат на ул. „Козара“ – Капиштец, гласеше оспорената одредба.

Претходно и грдоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во јуни годинава соопшти дека се стопираат сите градежни дејствија за овој план, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно до кои нема пристапен пат, а за кои жителите од тој дел на населбата долго време реагираат на обиди за градежен упад во шумата.

„Со оваа одлука, се стопираат сите градежни дејствија со што ниту едно дрво во тој потег од парк шумата Водно нема да биде исечено и таа ќе остане недопрена и заштитена од предвидените градежни активности“, изјави Герасимовски во јуни.

Герасимовски појасни дека стопирањето се однесува на дел од ДУП Ј07 – Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, во кој припаѓа и градежната парцела на инвеститорот „Маркеза“ ДООЕЛ кој има одобрение на градба. Покрај ова, стопирани се градежните дејствија за 7 други плацеви за потенцијална градба на тој потег.

„Маркеза“ до Општината поднесе барање за изградба на пристапен пат до парцелите во должина од околу 130 метри поради што требаше да се сечат и дрвја. Но, геодет од Општина Центар на терен утврдил дека нагибот на просторот каде треба да биде изведен патот е далеку поголем од законски пропишаниот, што значи дека нема услов за градење на пристапен пат согласно актуелиот закон. Според ова, во овој момент Општина Центар ги прекинува сите постапки за овој дел од планот.

Извор: Независен.мк

Поврзани вести

Скопје денеска беше преселено на Водно (видео+фото)

blink

ЈСП апелира до скопјани да не паркираат на патот за Водно

Igor

Членот 23 од Законот за адвокатурата на седница на Уставен суд

Igor