February 23, 2019 20:25
Свет

На пазар купила прстен за 10 евра, по 33 сфатила колку многу вреди!

Британката, Дебра Годард пред повеќе од три децении на пазар купила прстен за само 10 фунти, а по пристигнувањето дома, го ставила во кутија и заборавила на него.

Сепак, Дебра, која денес има 55 години, се сетила на накитот во кутијата бидејќи нејзината мајка наседнала на измама и останала без заштедата. За да и помогне на мајка си, Дебра одлучила да продаде неколку постари работи, меѓу кои бил и прстенот, надевајќи се дека неговата вредност е барем малку повисока.

Таа го однела прстенот во златара.

„Златарот за малку ќе останеше без свест“, раскажа Дебра за „Сан“ и додаде: „Златарот ме праша дали знам што е тоа и ми кажа дека се работи за дијамант“, вели жената.

Дебра од возбуда не заспала цела вечер, размислувајќи што да направи со прстенот.

Одлучила да го понуди на продажба преку аукциска куќа, каде неговата вредност била проценета на 844.000 евра.

На крајот, по одбивањето на трошоците таа заработила 536.000 евра.

Нејзината мајка ја почестила со патување на Барбадос, концерти на Том Џонс и Селин Дион во Лас Вегас, како и бунда.

„Тоа е карма за сите лоши работи кои ни се случуваат во животот“, вели Британката. Таа додава дека ја претчувствувала добивката, бодејќи ноќта пред да го однесе прстенот кај златарот, сонила дека продала прстен од стакло за 750 фунти.

Related posts

Израелски војници убија Палестинец, кој се обидел да ги прегази со автомобил

Igor

Макрон бара нови разговори со лидерот на жолтите елеци

Igor

Евреите не се чувствуваат безбедно во Германија, покажува истражување на ЕУ

Valentina