March 7, 2021 18:35
Спорт

На лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржи 5. издание на „Skopje on Ice”

На лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски” во Скопје денес и утре ќе се одржи петтото издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice”.

Пријавени се 55 натпреварувачи, кои ќе бидат поделени во 10 категории, од кои осум во женска и две во машка конкуренција.

Покрај македонските, ќе учесѕтвуваат лизгачи од Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. Организатор на „Skopje on Ice” е Федерацијата за лизгачки спортови на Северна Македонија.

Почетокот на „Skopje on Ice” е вечер во 19 часот со настап на четири категории, две натпреварувачки и две интерпретативни.

Настанот ќе се одржува на отворено и во согласност со сите протоколи за заштита од коронавирусот.

Watch Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full at AnimeHeaven my anime heaven

Watch World Trigger Episode 48 (https://kissanimeonline.com/m/Eoe/ep-48) at website https://kissanimeonline.com black clover kissanime