November 25, 2020 08:42
Спорт

На Леброн не му е сеедно што ја загуби титулата МВП

Лидерот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс не ја прифати добро веста дека Јанис Адетокумбо е прогласен за МВП втора година по ред – „Најкорисен играч”. Грчкото крило доби дури 85 први места од новинарите, додека 35-годишниот ветеран на тимот на „езерата” заработи само 16 гласа за трофејот – нешто што очигледно го налути.

– Бев лут затоа што од 101 глас добив само 16 за првото место. Ова ме налути повеќе од што било друго. Не велам дека победникот не ја заслужува наградата, но не може така. Јас нема да објаснам точно каков треба да биде критериумот за оценување. Јасно е дека тој се менувал со текот на годините. Понекогаш се избира најдобриот играч во најдобриот тим, понекогаш личноста со најдобра статистика во сезоната. Јанис имаше феноменална сезона, тоа го велам со чисто срце, рече Џејмс по победата на неговиот тим над Денвер во првиот натпревар од финалето на Западот.

Тој сепак вели дека не дошол во лигата за индивидуалните награди.

– Бев втор многу пати во мојата кариера, било да е тоа во борбата за титулата или четири пати во борбата за МВП. Јас не дојдов во Лигата со самодоверба да бидам „Најкорисен играч” или шампион. Отсекогаш сум велел дека мојата цел е да се подобрувам со секој изминат ден. Има некои работи што не можам да ги контролирам, но тоа навистина ме налути, додаде трикратниот шампион на НБА.