June 14, 2021 07:53
Балкан

На Кипар спроведени над 200 илјади вакцинации, пријавена 131 несакана реакција

Заклучно со вчера, на Кипар биле спроведени вкупно 202.441 вакцинации, од кои 145.357 се однесуваат на првата, а останатите над 50.000 на втората доза, според податоците што денеска беа презентирани на прес конференцијата за процесот на имунизација во земјата. Заменик- директорката за фармацевтски услуги, Елена Папајотопулу, говорејќи за наводите што се евидентирани на Кипар за можни несакани дејства од вакцините, рече дека е пријавен 131 случај на сомневање за несакани реакции, од кои 72 од вакцината на Фајзер, 56 од Астра Зенека и три од вакцината Модерна, 21 од пријавите биле потежок вид, а останатите биле лесни.

Панајотопулу, паралелно истакна дека не постои лек без никакви несакани дејства, „а тоа може да се види од упатствата за употреба на лековите”.

-Вакцината против Ковид-19, нè заштитува од конкретната болест, а не од сите болести. Нè не прави недопирливи или бесмртни, рече Панајотопулу.

Во однос на следните чекори во националниот план за имунизација на Кипар, заменик-директорката на медицинските служби и службите за јавно здравје, д-р Олга Калакута, објасни дека следната седмица, платформата за закажување термини за вакцинација ќе биде повторно отворена за лицата од 64 до 67 години, како и за оние од 47 до 52-годишна возраст поделени во три групи.

Истакна дека целта е уште еднаш да им се даде можност на постарите одново да се регистрираат, а до седмицата пред Велигден да биде покриена и возрасната група над 40 години, за потоа да започне имунизацијата и на оние од 30 до 39 години.

За набавката на вакцини, Калакута соопшти дека до крајот на месецов очекуваат 2.400 од Џонсон и Џонсон, 6.000-8.400 од Модерна, на почетокот на мај 75.050 дози од Астра Зенека и до крајот на јуни 500.304 од Фајзер.

4Anime 4anime a silent voice: Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 2 (https://4anime.biz/m/2EMq/ep-2)

GoGoAnime classroom of the elite gogoanime: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Episode 11 (https://gogoanime.be/m/p002/ep-11)