June 26, 2022 16:31
Свет

На Кипар откриени 25 случаи на хибрид од делта и омикрон

Хибрид од варијантите делта и омикрон на ковид-19, наводно, бил откриен на Кипар.

Досега се откриени 25 случаи на овој хибрид. Критичарите, сепак, наведуваат дека ова е обичен случај на контаминација, пренесува RT.

Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече новиот хибрид „делтакрон“ и во петокот предупреди дека светот „во иднина ќе види дали овој вид е попатолошки или заразен или ќе преовладува“ над сегашните варијанти.

25 случаи на делтакрон се веќе евидентирани и пријавени во базата на податоци за мутации на GISAID ковид-19.

Кострикис, сепак, рече дека хибридот најверојатно ќе биде совладан од варијантата омикрон, која веќе масовно циркулира.

Иако некои изразија загриженост поради извештаите за друга варијанта, неколку научници го отфрлија откритието како лажна тревога.

Засега нема официјални потврди за новиот хибрид.

https://tai.go88.is/

sunwin house sunwin ông già noel sunwindow