September 25, 2021 02:23
Македонија

На Камчев му се споиле притисоците, а во „Шутка“ го лекуваат со сол и газирана вода

Правниот тим на Орце Камчев алармира дека е алармантна здравствената состојба на нивниот клиент и констатирано е повторно сериозно влошување на неговата здравствена состојба.
Во продолжение интеграен текст од соопштнието на адвокатите.

„Денес, при редовната посета на г-динот Камчев, од страна на дел од неговиот правен тим повторно е констатирано она кое изминатите неколку недели се потврдува, дека здравствената состојба на г-динот Камчев е исклучително алармантна, континуирано се влошува и во КПУ Затвор Скопје нема соодветни услови за третирање на истата. Јордан Камчев постојано има сериозна, силна главоболка , но во КПУ Затвор Скопје нема дежурен доктор за да го прегледа притвореникот. Се праќа медицинска сестра или медицински брат за проверка на состојбата.

Првично, денес во текот на утрото г-динот Камчев имал многу сериозна главоболка и од затворскиот ,,медицински тим,, констатирано било дека има спојување на притисоците и дека има видливи отоци на лицето. Потоа, во 14.30 тој се чувствува многу лошо поради што прегледан е повторно во КПУ Затвор Скопје, констатиран е повторно споен притисок, 90 со 70. Предложено му е да биде однесен на Клиниката за Кардиологија, но тој одбил бидејќи од претходното искуство кога е пренесуван смета дека е само дополнително малтретирање за него во состојбата во која што се наоѓа бидејќи и таму секако не ја добива соодветната терапија со која би се подобрила неговата состојба. Од затворскиот ,,медицински тим,,  оваа негова состојба во КПУ Затвор Скопје ја третираат со сол и газирана вода. Сериозноста на здравствената состојба во која што моментално се наоѓа и  несоодветното третирање на истата претставува ризик директно по животот на г-динот Камчев.

Од правен, но и етички и морален аспект, и нашиот клиент, г-динот Камчев и ние како правна одбрана во целост поддржуваме активности со кои би се  докажала правдата, но апелираме на сериозна разумност кај Обвинителството и судиите и нивна рационалност при донесувањето на одлуките. Сметаме дека целта на мерката ефективен притвор која се применува не е директно да се загрозува здравјето и животот на еден човек.

 

Поврзани вести

Починаа 12 лица, 525 нови случаи на Ковид-19

Igor

Маричиќ: Будимпешта не планира да го екстрадира Груевски

Igor

Градоначалникот на Петровец и уште пет лица испрале над половина милион евра од општинатa

Igor

AnimeDao Watch anime online, English anime online HD

Website https://twistmoe.net: Watch Fate/Extra: Last Encore - Illustrias Tendousetsu twistmoe Episode 3 dubbed anime

Popolocrois Monogatari Episode 25

Ore no Nounai Sentakushi ga, Gakuen Love Comedy wo Zenryoku de Jama Shiteiru OVA (https://animetv.cc/m/3Nep) Episode Full

A pr-cy: https://a.pr-cy.ru/gogoanime.lol

Reedsy: https://reedsy.com/discovery/user/animefreak