November 30, 2020 23:12
Македонија

На инфективното одделение во велешката болница почина 61 годишна пациентка од Велес

Попладнево околу 17 часот на инфективното одделение во велешката болница почина 61 годишна пациентка од Велес, објави Република.

Пациентката била во тешка здравствена состојба од почетокот односно од самиот прием на инфективното одделение. Таа била примена пред една недела и била потврдена како позитивна на тестот за Ковид-19. За цело време на престојот во болницата била под кислородна подршка.

Инаку досега ова е 22 случај на Ковид-19 кој заврши фатално за жител на Велес.

За овие две недели во велешката болница починаа 9 пациенти, од кои шестмина велешани, двајца жители на Градско и еден пациент од Свети Николе