April 20, 2021 04:32
Македонија

На инфективните оделенија во државата се лекуваат вкупно 419 лица од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 419 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Од извештаите на болниците кои пристигнуваат во министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола хоспитализирани се 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип има хоспитализирано 32 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 17 пациенти, во Велес се лекуваат 25 болни, а во Куманово 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид центарот во Охрид има 56 пациенти, во Прилеп 75 пациенти, во ковид центарот во Гостивар 6, а во Струга 19 хоспитализирани лица.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациенти, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 42, во Гевгелија 5 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Според министерството за здравство, бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 682 и во ковид центрите има околу 360 празни болнички кревети“, информираат од министерството.

Додаваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.