November 12, 2019 00:24
Магазин

На интернет аукција: Мислел дека за 9.000 долари купил вила, добил тревник од 50 долари

Кервил Холонис од Флорида верувал дека направил добра работа кога на интернет аукција на имот купил недвижнина за багателна цена. Мислел дека за само 9.100 долари станал сопственик на прекрасна вила во Тамарак, населба во Мајами, вредна 177.000 американски долари.
Сепак, испаднало дека купил тревник 30 метри долг и половина метар широк, што го дели влезот кон две куќи.

Инаку, станува збор за интернет аукции каде што по ниски почети цени се продаваат одземени домови и земјишта чии сопствениците не платиле данок.
Мизерното парче земјиште во вредност од 50 американски долари кое Холнес го платил за 9.100  долари се протега од тротоарот каде што има две поштенски сандачиња и канти за ѓубре до ѕидот што ги раздвојува двете гаражи од соседните куќи, под гаражата и делумно зад гаражата меѓу дворовите.

Од округот Бровард каде што е Тармак велат дека според државниот закон не може да направи ништо во врска повратот на парите на Холнес. Тој, се разбира, не се согласува, и изјави дека бил измамен, бидејќи во понудата не било јасно покажано дека станува збор за разграничување од трева кое поминува низ “дуплекс” домот, иако постојат алатки со кои можело тоа јасно да се означи.

Холнес исто така, рече дека онлајн фотографите на проценителите на имотот воделе кон аукцицката страница која покажувала дека куќата е предмет на аукцијата.

Но на страницата на проценителот и на страницата на локалната даночна управа пишувало дека зградата нема никаква вредност на земјиштето од 9,2 квадратни метри.

Одговорните од областа Бровард по овој случај издадоа предупредување до идните учесници на аукциите да бидат претпазливи и добро да се запознаат со сите детали, па дури потоа да поднесуваат понуди за недвижнини.

Нови вести

Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб

Igor

Бил Гејтс признава дека задоцнил со Windows Mobile, оставајќи му го пазарот да го освои Android

Igor

Девојката на Кијану Ривс ја споредуваат со Хелен Мирен

zane