November 22, 2019 04:38
Магазин

На Дејв Мастејн од „Мегадет” му е дијагностициран рак на грлото

 Фронтменот на американскиот метал бенд „Мегадет”, Дејв Мастејн изјави дека му бил дијагностициран рак на грлото.

Пејачот и гитарист ја сподели веста на социјалните мрежи. Тој напишал дека соработува со докторите, со кои направиле план за лекување и се надева дека има 90 отсто шанса за успех. Третманот на музичарот е веќе почнат.

Поради здравствениот проблем на Мастејн, групата беше принудена да откаже голем дел од нејзините концерти.

Сепак, тој и неговите колеги продолжуваат да работат на новиот албум. Последниот албум беше издаден во 2016 година „Дистопија”, а награден со „Греми” во 2017 година

Нови вести

Украдени 20 тони чоколадо „Милка“

Igor

Ќерката на Бијонсе освои награда за песната што ја напиша за својата мајка

Valentina

Режисерот нa „Џокер“ сака да сними продолжение, но под еден услов

Valentina