November 28, 2020 06:09
Спорт

На денешен ден пред 56 години е роден кошаркарскиот Моцарт

Пред точно 56 години на денешен ден е роден еден од најдобрите светски кошаркари во историјата. Неговите почетоци со кошаркарската топка ги направи во Шибеник на 15 години, а двапати ја однесе екипата на Цибона на европскиот трон.

По одличните игри во Цибона и Реал Мадрид, неговата кошаркарска авантура продолжи во НБА лигата. По кратката епизода во Портланд, Дражен се пресели во Њу Џерси, каде постигнуваше во просек по 20 поени.

Неговиот дрес со број три во Њу Џерси беше повлечен од употреба на почетокот од сезоната 1993/94.