January 27, 2021 16:44
Македонија

На Груби не му се заминува од Илинденска, ќе си го задржи кабинетот во Влада

Првиот заменик на Претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ќе го задржи својот кабинет во Владата и покрај тоа што неговото министерство се пресели во нови простории каде има свој кабинет, дознава 24 Инфo.

Како што дознаваме, Груби одбивал да се исели од кабинетот на Илинденска, со образложение дека канцеларијата му требала за да има каде да престојува кога ќе доаѓал во Владата.

-Груби има двојна улога во Владата, тој е прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, и истовремено е и министер за политички систем. Двете задачи се со сосема различни надлежности. Со првата го заменува премиерот во негово отсуство, врши други задачи и ги координира политиките на ресорите, одговорија од Владата на прашањето дали Груби одбивал да се исели од кабинетот.

Груби од почетокот на неговото доаѓање во Владата предизвикува контроверзии со својата канцеларија. По неговото именувањето на функцијата вицепремиер во септември лани се појавија шпекулации дека Груби по секоја цена сакал да се всели во кабинетот на тогашниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Рашковски наводно одбивал да се исели од луксузниот кабинет, па дошло до физичка пресметка во која подебелиот крај го извлекол секретарот. Тој по тепачката не му ги предал клучевите на Груби, но подоцна тоа морал да го направи преку владин службеник.

Ова било за прв пат од 90-ттите години наваму министер да се всели во канцеларијата на Генералниот секретар на Владата, а која се наоѓаат во шестата кула во зградата на Владата и е најблиску до кабинетот на премиерот, кој се наоѓа во третата кула.

Груби беше предмет на критики од медиумите и пред еден месец кога му ја отстапи канцеларијата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во кабинетот на вицепремиерот оствари средба со владиниот специјален претставник за Бугарија, Владо Бучковски.

 

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Груби, од минатата недела функционира во нов објект, дел од проектот „Скопје 2014“. Објектот е во вредност од 14 милиони евра.

Груби објави и фотографии од просториите и мебелот во новиот објект кој ќе го користи.

И овој пат не помина без контоверзии, па поради групната фотографија на владините министри од ДУИ, кои во просториите на министерството му приредија роденденско изненадување на лидерот Али Ахмети, а на која сите се без маски, Груби плати казна од 500 евра.

Поврзани вести

Британскиот сој на вирусот детектиран кај веќе оздравен скопјанец кој немал контакт со странец

Igor

(Видео) Ана од Кавадарци: Жртва сум на „Јавна соба“, доста е, ова треба да престане, секој може да објави и напише што сака

Igor

Починаа деветмина, нови 394 позитивни на Ковид 19

Valentina

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (https://animeflix.nl/m/Dvva) Episode 1-2 Fansub at ANIMEFLIX sword art online animeflix

Attack on Titan: Since That Day Episode Full at website https://gogoanime.be gogoanime