December 16, 2019 08:12
Македонија

На ГП Табановце се чека до еден час

Зголемена е фреквенцијата на возила на граничниот премин Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 45 до 60 минути, соопшти АМСМ.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Нови вести

(Видео) Аплаузи и стоечки овации за лидерот на СДСМ, Зоран Заев

24news

Изгубениот Мартин пронајден кај Авиончето

zane

Заев: Од салата која го носи името на Борис Трајковски ја испраќаме пораката, СДСМ ги почитува вредностите!

zane