August 12, 2022 01:21
Спорт

На арената „Тодор Проевски“ Силекс и Македонија ЃП ќе играат за куп-трофејот и евро-визата

Во 29. издание од финалето на фудбалскиот Куп на Македонија, вечерва со почеток од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески” ќе се соочат Македонија Ѓорче Петров и Силекс.  За кратовчани кои експресно се вратија во прволигашкото друштво по една сезона мината меѓу вторлигашите ова ќе биде петтото финале во кое ќе атакуваат да го освојта четвртиот трофеј во клупската историја. Македонија Ѓорче Петров има освоено една куп-титула, а ова ќе биде четврт настап во финалето.

Силекс  е бранител на трофејот. Лани со победата над Академија Пандев (0-0 регуларен дел, 4-3 пенали) го освоија пехарот и си обезбедија настап на евро сцената. Кратовчани поскауваат реприоза, иако сега како второлигаш се аутсајдер на хартија, но куп-натпреаврувањата се полни со изненадувања. Тренерот Горазд Михајлов, посакува да победи фудбалот.

-Ни се укажа шанса да играме за титула, тука сме и верувам дека пред сè ќе победи фудбалот, а кој ќе биде подобар, ќе видиме. Фаворитска  улога во вакви натпреаври нема, ова е едн меч и се е во игра – пиорача Михајлов во пресрет на финалниот натпреавр.

Македонија ЃП верува дека ќе успее втор пат да го крене големиот преоден пехар на ФФМ.

-Имаме квалитет, за мене ова е прво финале како тренер, двапати го имам освоено пехарот како играч, се надевам сега ќе успеам и како тренер. Вакви натпревари не се играат секој ден, треба да излеземе на терен и да уживаме – вели тренерот Муарем Бајрами, тренерот на Македонија ЃП.