January 29, 2023 12:27
Македонија

Најчевска: На крај и орден за заслуги ќе му дадат на Мијалков

Професорката Мирјана Најчевска ја искоментира одлуката на Апелација да ја укине пресудата за осум години затвор против поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за случајот „Трезор“ и случајот да го врати на повторно судење.

„Ма на крај и орден за заслуги во изградбата на демократијата и правната држава ќе му дадат. Во секој случај очекувам да донесат пресуда со која ќе се утврди дека немало прислушување, дека не постои „Скопје 2014“, дека полицијата била супер, а Мијалков е жртва на комунизмот“, напиша Најчевска на Фејсбук.

„Ете повторно да си кажам: мора да бидат разрешени од должност сите ЈО и сите судии, да се распише конкурс и да се вратат на работа само оние кои ќе поминат граѓанско а не партиско сито и решето. Ве уверувам, на државата ќе и биде подобро без судии отколку со вакви“, додава професорката.