September 15, 2019 12:21
Магазин

Најсјајната комета оди кон Земјата: Ќе мине покрај нас и може да се види со голо око, еве кога

Најсјајната комета, наречена “46P/Wirtanen”, наредната недела ќе мине покрај Земјата и тоа ќе биде една од 10-те најблиски средби со таков вид на небесно тело од 1950-та година, и меѓу 20-те најблиски од 9-тиот век.

Како што се наведува  кометата ќе биде најблиски до Сонцето наредната среда, на 12-ти декември, а до Земјата на 16-ти декември и ќе мине покрај нашата планета на оддалеченост од 11.265.408 километри.

Како што се наведува, кометата најверојатно ќе може да се види со голо око, но најдобро би било да се гледа низ двогледи и мали телескопи, посебно надвор од градовите.

Со оглед на тоа дека кометата неколку недели ќе минува покрај Земјата, научниците на НАСА ќе имаат можност детално да ја проучат.

Одделението за астрономија при Универзитетот во Мичиген соопштило дека “нема шанси кометата да ја погоди Земјата”.

Нови вести

„Ти си најдобриот сопруг на светот“: Меган Маркл со емотивна порака му го честиташе роденденот на принцот Хари

Filip

Научно докажано: Луѓето стануваат се поглупи

Igor

Од британска палата украдена златна ВЦ школка вредна 5 милиони долари

zane