December 9, 2022 14:28
Македонија

Најстудено во Берово, минус два

Во Берово изутринава е најстудено, каде се измерени – 2 степени, а најтопло е во Дојран, 9 степени.

Како што соопшти УХМР, до 8:30 часот 0 степени се измерени во Лазарополе, 1 во Битола, 2 во Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, Тетово, Прилеп, Струмица, Попова Шапка, 4 во Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, 5 во Дебар, Куманово, Крушево, Претор, 6 во Охрид, Скопје-Зајчев Рид, Виница и 8 во Гевгелија.

Времето денеска е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 22 степена.