March 9, 2021 11:40
Магазин

Најновите паметни телефони на Samsung Galaxy S21 серијата наскоро и во Македонија

По глобалниот Unpacked настан, компанијата Samsung Electronics на локалниот виртуелен настан ги претстави најновите водечки модели – Galaxy S21, S21 + и S21 Ultra паметните телефони, како и Galaxy Buds Pro безжичните слушалки. Овој нстан обедини познати личности и претставници на медиумите од осум земји во регионот на кои работи Samsung, а меѓу првите што ги испробаа новите телефони беа, британската астронаутка Хелен Шарман, хрватската пејачка Франка Бателиќ и словенечката скијачка Илка Штухец. Новите Samsung уреди во Македонија ќе пристигнат на 29 јануари – Galaxy S21 (5G 8/128 GB) ќе биде достапен по препорачана малопродажна цена од 50.999 денари, додека препорачаната малопродажна цена за Galaxy S21 + (5G 8/128 GB) ќе биде 62.999 денари. Препорачаната малопродажна цена на најјакиот овогодишен модел, Galaxy S21 Ultra (5G 12/128 GB), ќе биде 74.999 денари, додека Galaxy Buds Pro ќе чини 14.099 дeнари.

„Во текот на изминатата година, сите се уверивме колку технологијата зазема значајно место во нашите животи, а особено ми е драго што денес можеме да ги претставиме новите Samsung паметни телефони, кои со своите неверојатни перформанси и напредна технологија одговараат на сите секојдневни предизвици.“, изјави Павле Зобунџија, директор на одделот за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics Adriatic, и додаде дека телефоните од Galaxy S21 серијата овозможуваат целосно ново искуство на светот околу нас, како уреди кои се подеднакво важни и за работење, забава и комуникација со семејството и пријателите, каде и да се наоѓаат.

Galaxy S21 има нов, покомпактен дизајн, додека Galaxy S21+ на корисниците им нуди 6,7 инчен проширен екран и посилна батерија. Galaxy S21 ќе биде достапен во фантомска виолетова, сива, розова и бела боја во верзии од 128 GB и 256 GB и со 8 GB RAM меморија.  Galaxy S21+ ќе биде достапен во фантомска виолетова, сребрена и црна боја во верзии од 128 GB и 256 GB, заедно со 8 GB RAM меморија. Двата паметни телефони имаат врвни камери со бројни опции и карактеристики.

Паметниот телефон Galaxy S21 Ultra има дизајн кој е истовремено елегантен и впечатлив. Galaxy S21 Ultra ќе биде достапен во две бои – фантомска црна и сребрена боја и е обложен со луксузен матиран завршен слој, заради што изгледа пософистицирано. За разлика од S21 и S21+ уредите, Galaxy S21 Ultra е достапен во верзија од 128 GB и со 12 GB RAM меморија. S21 Ultra поддржува и S Pen пенкало, што им овозможува на корисниците да цртаат, уредуваат фотографии, водат белешки и потпишуваат документи.

Кристално јасниот звук и комуникацијата се многу важни за Samsung и сите негови корисници. Со 11 милиметарски вуфер со импресивна длабочина и 6,5 милиметарски звучник, Galaxy Buds Pro обезбедува побогат и поживописен звук со минимално мешање. Покрај тоа што имаат нов и пософистициран изглед, овие безжични слушалки се и водоотпорни и можат да траат до осум часа без полнење.

До 28 јануари трае и специјалната промоција, според која сите корисници што ќе нарачат Galaxy S21 5G или S21+ 5G паметен телефон, како подарок ќе добијат Galaxy Buds Live безжични слушалки, односно Galaxy Buds Pro доколку се одлучат за Galaxy S21 Ultra 5G, а и двете понуди го вклучуваат и Galaxy Smart Tag уредот како подарок.

За повеќе информации посетете ги: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-5g/, https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s21-ultra-5g/

World Trigger Episode 73 at website https://animeheaven.pro animeheaven boruto

Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? Episode 4 (https://gogoanime.be/m/ARR7/ep-4) at website https://gogoanime.be gogoanime my hero academia