August 20, 2019 01:10
Економија

Најниска стапка на невработеност во Франција во последниве десет години

Со намалување од 0,1 процентен поен во првиот квартал, невработените претставуваат 8,4 отсто од работната сила во Франција, покажуваат денеска објавените податоци од страна на ИНСЕЕ – Францускиот институт за економски и статистички студии, јави дописникот на МИА.

Во првиот квартал од 2019 година, стапката на невработеност се намали за 0,1 процент, достигнувајќи 8,7 отсто од вкупната работна сила во Франција, што е најниско ниво од почетокот на 2009 година, според првичните бројки од ИНСЕЕ.

Само во континенталниот дел на  Франција оваа стапка, мерена од Националниот институт за статистика според стандардите на Меѓународната канцеларија за труд, исто така, се намали за 0,1 процентен поен, на 8,4 отсто, што претставува 2,4 милиони невработени. Тоа се 19.000 помалку невработени отколку во последните три месеци од 2018 година.

Оваа еволуција е малку поизразена отколку што се очекуваше од страна на ИНСЕЕ. Во својата најнова прогноза, објавена во март, институтот очекуваше стабилизација на стапката на невработеност на 8,8% за Франција на крајот на првиот квартал, по падот од 0,3 процентни поени на крајот на 2018 година. Во споредба со претходните податоци објавени во февруари, ИНСЕЕ ја ревидираше стапката на невработеност за вториот квартал од 2018 година за 0,1 процентен поен за континентална Франција, од 8,7 отсто на 8,8 отсто. Во текот на една година, падот на стапката на невработеност достигна 0,5 процентни поени за континентална Франција, како и за цела Франција.

Во континентална Франција, меѓу невработените, бројот на лица кои бараат работа најмалку една година, се намали под прагот од еден милион во третиот квартал од 2018 година, и продолжува да опаѓа и изнесува 963.000 во првиот квартал, наведува ИНСЕЕ

Нови вести

Индустриското производство во Германија опаѓа, дали земјата ќе влезе во рецесија?

zane

„Алкалоид” инвестира 11 милиони евра во проширување на производните капацитети

zane

Пријавен еден случај со отстрелана дива свиња, нема угинати свињи

Daniela