February 2, 2023 02:39
Свет

Најмногу заболени од грип во САД во последните 10 години, починале 14 млади лица

САД забележаа најголем број хоспитализации на заболени од грип во последните 10 години, соопшти денеска директорката на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) Рошел Валенски.

Таа додаде дека од почетокот на годинашната сезона на грип досега починале 14 млади лица.

Валенски истакна дека болничките системи ширум земјата се под оптоварување поради големиот број пациенти со различни респираторни заболувања, меѓу кои и Ковид-19 и респираторна синцицијална вирусна инфекција (РСВ).