December 5, 2022 08:38
Македонија

Најмногу дожд во Маврово

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Маврово, 11 литри на метар квадратен. Како што соопшти УХМР, до осум часот утрово се измерени и два литра воден талог во Крица Паланка и Попова Шапка, како и еден литар на метар квадратен во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Виница, Крушево, Куманово и Пожаране.

Минималните температури се движат од 6 степени во Берово, 7 Попова Шапка, 8 Битола, 9 Крива Паланка, 10 Маврови Анови, Прилеп, Демир Капија, Крушево, 11 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Струмица, 12 Штип, Гевгелија, Куманово, 13 Скопје – Зајчев Рид, Претор, Виница, до степени во 16 Дојран.

Утрово времето е сончево со мала до умерена облачност. Во Скопската Котлина има појава на магла и дува слаб до умерен променлив ветер.

Во текот на денот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 26 степени.